Гевгеличанец фатен со 387 штеки цигари и тутун

На Граничниот премин Богородица ноќеска во 01.20 часот е лишен од слобода Н.М. од Гевгелија, поради криумчарење цигари и тутун. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

– При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Претходна вестВласта не застанува: По направените 1.300 километри автопатишта сега почнува градбата и на патот Прилеп – Битола
Следна вестНеколку пожари во кумановско