Советите на родители од неколку училишта испраќаат писма до Министерството за образование и наука во кои ги информираат дека родителите направиле анкета меѓу нив и дека големо мнозинство не ја поддржува дигитализацијата како што ја наметнува МОН. Неколку училишта во Аеродром веќе ги испратија писмата.
Но не е само Аеродром, таму каде што се едногласни родителите и не е неопходна анкета, преку Советите во училиштата од цела Македонија уште веднаш кога се објави законот – испратија писма до министерството.
До овој момент е нејасно дали министерката Мила Царовска има намера да ги послуша барањата на родителите. Прашањето е дали вооопшто и ги чита писмата од Советите што и пристигнуваат? Вакви анализи на мислењето на родителите и учениците требаше да спроведе Владата пред и воопшто да го пишува законот за Учебници. Но, оттаму без било каква поддршка или учество на клучните субјекти од кои зависи имплементацијата, самите го изготвија