Ги следел ќерките на неговата партнерка, едната ја принудил да го бакне и ја снимал со мобилен

Вчера во СВР Охрид бил извршен службен разговор со Ѓ.Р.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од Центарот за социјални работи Охрид дека вознемирувал и следел две малолетнички од Охрид, ќерки на неговата партнерка.

Како што пријавиле малолетничките во Центарот за социјални работи, тој со уцена принудил една од нив да го бакне, а настанот го снимал со мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вест38-годишен маж од Скопје се самозадоволувал пред малолетнички
Следна вестШкендија и Струга ТЛ победија, Вардар очаен пред своите гледачи