Ненамерен бил вчерашниот инцидент во кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е удрен со шише во глава на турнирот во Рим. Снимките од настанот ги покажуваат и деталите за случајот и од кои се гледа дека инцидентот не е намерен и дека никој од публиката не целел кон главата на Ѓоковиќ.
На објавените снимки се гледа дека шишето испаднало од ранецот на момче кое се обидувало да земе автограм од Ѓоковиќ. Ранецот на момчето бил отворен и кога се обесило на оградата сакајќи да дојде до српскиот тенисер, шишето испаднало и го удрило Новак по глава.
Инцидентот се случи при напуштањето на теренот по победата во второто коло во Рим.
Ѓоковиќ се пласираше во третото коло во Рим, откако за еден час и 26 минути го победи Французинот Корентин Муте со 2:0, по сетови 6:3, 6:1.
Во моментот кога го напушташе теренот и даваше автограми за навивачите, во главата го удри шише фрлено од трибините, по што падна на земја.