Почетокот на новата година, воедно и почеток на нова недела значи и нова ранг-листа на АТП. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски новата година ја почнува од 325. то место со скок од едно место во однос на минатата недела со ист број поени – 159. Горазд Србљак има 10 поени и се наоѓа на 1057. то место и има пад од пет позиции. Трет македонски тенисер со сингл ранг е Обрад Марковски – 1.453.то место со 3 поени и има скок од едно место.
Во конкуренција на двојки Ивановски има исто така напредок за едно место и се наоѓа на 674. то место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1.349.то место со 16 поени (пад за две места), додека Обрад Марковски е рангиран на 1.756.то место со 7 поени (пад за пет места). Ранг во конкуренција на двојки има и Елдин Хусеиновиќ – 2.123.то место со три поени (пад за две места).
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со скок од една позиција ја почнува новата 2024 година. Таа се наоѓа на 212. место со 364 поени (24 турнири). Воедно за Ѓорческа претстои нов предизвик на стартот од следната недела, настап во квалификациите на Австралија Опен. Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за четири позиции и се наоѓа на 368.то место со 226 поени (7 турнири).
Од македонските тенисерки Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.211.то место со 9 поени (9 турнири) и има пад од три места на ВТА листата.