Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за децата од социјален ризик

Децата од социјален ризик од Општина Кисела Вода летово ќе можат да користат бесплатно летување, соопштуваат од Општината. За таа цел од буџетот на Општината веќе се обезбедени финансиски средства во висина од 3 милиони денари.

-Услугата која вклучува платен превоз, сместување и храна, ќе може да ја користат деца од социјално ранливи категории кои се редовни ученици во основните училишта во општина Кисела Вода. Преку оваа мерка, тие ќе ја избегнат социјалната изолација, ќе имаат можност да стекнат нови пријатели, да се стекнат со нови искуства, да учат нови вештини, да откријат нови интереси и да работат на своето осамостојување, лична одговорност и самодоверба, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Критериумите за користење на бесплатно летување ќе бидат објавени дополнително, преку јавен повик, по што ќе се знае и точниот број на ученици кои ќе ја користат оваа социјална мерка.

 

Претходна вестОд ноќеска на полноќ дизелот 69 денари, поевтинуваат и бензините
Следна вестЈакимовски: Основците од Нерези и Тафталиџе ќе учат во ООУ „Братство“, реонизацијата не смее да се крши