Ѓорѓиевски разреши директорка со лажна диплома за англиски јазик: Нема компромис кога е загрозен законот!

Градоначалникот на општината Кисела Вода преку статус на Фејсбук пишува дека ја разрешил директорката на едно основно училиште на територија на Кисела Вода, бидејќи поседувала лажна диплома за странски јазик.

Тој потоа вели дека нема компромис кога е загрозен законот.

Во продолжение Ви го пренесуваме неговиот фејсбук статус:

НЕМА КОМПРОМИС КОГА Е ЗАГРОЗЕН ЗАКОНОТ!

ДИРЕКТОРКАТА ВЕДНАШ Е РАЗРЕШЕНА!

По добиените информации дека една директорка на основно училиште поседувала лажна диплома за странски јазик, донесов одлука за нејзино РАЗРЕШУВАЊЕ.

При самиот избор, разгледувањето на документацијата и интервјуто од страна на Училишниот одбор не било возможно да се увиди дека списите не се регуларни, при што е изготвен извештај за избор на најдобар кандидат, кој што ќе биде поништен, и наскоро училиштето ќе добие нов ВД директор.

Правдата мора да излезе на виделина, при тоа да нема никакви негативни последици на наставно научниот процес и што е најважно на самите ученици.

Апелирам надлежните институции да го расветлат случајот до крај, непристрасно, исклучиво водејќи се според законодавната легислатива.

Врвен интерес преставува владеењето на правото и работа во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Претходна вестЛога во Хаг ја потпиша Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата на воени злосторства
Следна вестСиндикални претставници на средба со Петрова, повеќе од 6 месеци никој не ги примил