Ѓурчиновски ќе учествува на конференција во Драч

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, утре во Драч ќе учествува на конференција на началници на генералштабови на армиите на балканските земји (форум Б-9), која од денеска до 7 јуни се одржува во тој град во Албанија.

-Форумот на началниците на генералштабови на балканските земји има девет членки – Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора. Основан е со иницијатива на Грција и Турција во 2006 година, а официјално е воспоставена на 10 мај 2007 година во Брисел, соопшти Министерството за одбрана.

Конференцијата на началниците на Генералштабовите на балканските земји се реализира еднаш годишно по принцип на ротација, а досега се одржани шеснаесет конференции.

Претходна вестЗаев, Филипче, Димитров и Бучковски во Атина ќе слават шест години Преспански договор
Следна вестФилипче: Не само што СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија