Глоба од 4.000 евра за Детската клиника во Скопје и 1.200 евра за директорот одреди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по извршениот надзор и откриените низа на недостатоци.
Во извештајот на ДЗСИ се нотира дека од вкупно 14 доктори специјализанти, само двајца имаат обезбедни времени лиценци за работа и оти не е поднесено барање до министерот за времени факсимили за работа на клиниката.
-На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.