Го активира ли делта-сојот црвениот аларм: Од понеделник ќе се дозволи и вакцинација на деца од 12 до 16 години

Oд понеделник ќе почне теренска вакцинација, а ќе се дозволи и вакцинација на деца од 12 до 16 години, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Децата ќе се вакцинираат со „Фајзер“ која во овој моменет е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца на оваа возраст, рече Филипче.

Коментирајќи ги случаите кај кои е потврден делта-сојот, Филипче рече дека генерално епидемиолошката состојба е стабилна, но дека состојбата будно се следи во случај да е потребно воведување на нови рестрикции. Уште еднаш потенцира дека единствен начин за да се спречи нов пик е вакцинацијата.

Претходна вестПред два дена рече одлучно не, за денеска Филипче да најави можни мерки на границите против делта-сојот
Следна вестПотврдени 10 случаи на заразени со делта-сојот, Филипче не исклучува појава и на нова мутација