Полицијата трага по скопјанец кој синоќа со нож г избодел својот колега, во фирма во селото Миладиновци.
Според МВР, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци.
Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.