Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда, бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.
-Во 7:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на Општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.
Полицијата работи на расчистување на случајот и засега нема информации за причините за нападот.