После видеото на социјалните мрежи, што се појави вчера кога е фатено на дело бело комбе како истура кабаст и друг вид отпад во езерото Треска, кај мостот во Шишево, уште нема никаков сигнал од општината ниту од инспекторите.
-Го фатија ли газдата на комбето?
-Го казнија ли истурачот?
-Дали е „удрен по џеб“ и ќе одговара ли настрана од паричната казна за тоа што го направил?
Прашањава се до сега неодговорени.
Состојбата со езерото Треска веќе извесно време е алармантна. Но, според однесувањето од една страна- на неодговорните луѓе на кои ни одалеку не им е грижа за околината во која живеат – како и на надлежните од друга страна: кои со прст не мрднаа за Треска да се спаси, алармантната состојба ќе станува уште „поцрвена“.