Дефект предизвика прекин во водоснабдувањето на голем дел од подрачјето на скопската општина Кисела Вода денеска од 13.30 часот.
Градското јавно претпријатие „Водовод и канализација„ соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:30 часот до завршување со санација на дефектот.
-На ден 14.02.2024 поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Дичо Петров“ 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: „Дичо Петров“ , „Боте Боцевски“, дел од „Христо Татарчев“, „Невена Георгиева –Дуња“, „Виктор Иго“ , дел од „Георги Димитров“ , дел од „Антон Попов“, „Иван Козаров“, „Драга Стојанова“ и „Марко Цепенков“, се наведува во соопштението.
Поради технички причини во текот на интервенцијата, дополнитено е прекинато е водоснабдувањето на ул. „Јоаким Крчовски“ од 13:10 часот.