Голем дел од Кисела Вода остана без вода

Дефект предизвика прекин во водоснабдувањето на голем дел од подрачјето на скопската општина Кисела Вода денеска од 13.30 часот.

Градското јавно претпријатие „Водовод и канализација„ соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:30 часот до завршување со санација на дефектот.

-На ден 14.02.2024 поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Дичо Петров“ 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: „Дичо Петров“ , „Боте Боцевски“, дел од „Христо Татарчев“, „Невена Георгиева –Дуња“, „Виктор Иго“ , дел од „Георги Димитров“ , дел од „Антон Попов“, „Иван Козаров“, „Драга Стојанова“ и „Марко Цепенков“, се наведува во соопштението.

Поради технички причини во текот на интервенцијата, дополнитено е прекинато е водоснабдувањето на ул. „Јоаким Крчовски“ од 13:10 часот.

Претходна вестЧипсот „ВИПА Грил“ повлечен од продажба поради акриламид
Следна вестДвајца полицајци од ГП „Ќафасан“ добија кривични пријави за примање поткуп