Голем дел од општина Карпош утре ќе остане без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација-Скопје,  ги  известува граѓаните дека на ден 15.09.2024 година (Недела):

Поради замена на два затворачи од Ф150мм и Ф-200мм на ул.„Бледски Договор“ раскрсница Карпошово Востание во населба Карпош 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„Бледски Договор“ (потегот од Карпошово востание до Бул.Илинден), дел од Карпошово Востание, „Драгиша Мишовиќ“, „Трифун Пановски“, „Роберт Кох“ и Воена Болница.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Улиците се наоѓаат во општина Карпош.

Претходна вестЃорческа се пласираше во финале во двојки на турнирот во Љубљана
Следна вестЛафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага