Голема акција на МВР поврзана со РЕК Битола

Голема акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето во РЕК Битола.

Утрово има големи претреси во Битола, Велес, Кичево и Скопје. Уапсени се голем број физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

Акцијата денеска ја раководи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Претходна вестСилни експлозии се слушаат во Дамаск, Израел напаѓа воени локации
Следна вестДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт Департментот, остануваме посветени на демократските вредности