Голема подземна термо станица ќе грее цел град во Шведска

Градежната компанија „Маланерги“ претвара поранешен магацин за нафта во резервоар за топла вода. Три подземни простории, ископани во 1970-тите, имаат волумен од 300.000 кубни метри и служеле како складиште за нафта до 1985 година.

– Ги претвораме во огромен термос за складирање топла вода. Таму ќе се складира енергија, понекогаш вишок, за употреба кога има недостиг, рече Рикард Свенсон, кој е одговорен за проектот за енергетската групација „Malarenergi“ во Вастерас, град кој се наоѓа на 100 километри западно од Стокхолм. Подземните магацини се наоѓаат во близина на термоцентралата која со струја и парно снабдува 130.000 жители на градот. Вишокот на топлина од електраната ќе ја загрее складираната вода преку цевки кои ќе се користат кога е потребно. Затоа во една просторија биле поставени стотици челични прачки кои ќе формираат ѕид кој ќе служи како еден вид излез.

– Се работи за тоа да можеме да складираме енергија, која понекогаш ја имаме премногу, и да можеме да ја користиме кога е во недостиг. Како голема батерија за да го намалиме нашиот климатски отпечаток, вели тој.

Тоа не е нов метод, но компанијата верува дека нивниот магацин е најголем од ваков вид во светот. Во 2021 година, финската компанија Хелен заврши сличен проект на островот Мустикамаи во близина на Хелсинки, со капацитет од 11,5 GWh.

Претходна вестПоради сумоборачи авиокомпанија морала да организира дополнителен лет
Следна вестПимплаат за промена на Уставот, пимплаат за изборен датум…