Гори барака во скопската населба Бутел 1

Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА потврди дека се уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила.

Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Претходна вестВо Македонија најчесто име е Лука
Следна вестСДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?