Интернационалецот од Украина, Дмитро Горига и во иднина ќе го носи дресот на Вардар 1961.
Левиот бек дојде во двократниот европски шампион пред стартот на оваа сезона и во изминативе месеци остави одличен впечаток, па двете страни седнаа на маса и ги договорија сите услови според кој Горига ќе остане во клубот од Скопје најмалку до крајот на натпреварувачката 2025/2026.
–Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да му помогнат, и ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет, -вели Андрија Нунев кој е оперативен директор на „црвено-црните“.
–Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина, додаде Нунев.