Гостиварец ја истепал мајка му оти не му дала пари

СВР Тетово информира дека вчера (18 септември) во 15.00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 41 годишниот гостиварец Ш.Б., постапувајќи по претходна пријава од неговиот 65 – годишен татко.

-Околу 12.45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, агресивно се однесувал кон членовите на семејството, со закана им одзел пари, оштетил дел од покуќнината и го оштетил нивното возило во дворот, наведува МВР.

Полицијата известува дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок

Претходна вестОсумдесет отсто од пациентите заразени со вирусот на Западно-нилска треска се асимптоматски
Следна вестИзмамен гостиварец кој собирал пари за лекување во странство