Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесена кривична пријава против Џ.Р.(44) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
На 03.07.2024, пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.