Гостиварец направил неколку сообраќајни прекршоци, а потоа сакал да се тепа со полицајците зошто го сопреле

Вчера околу 18 часот и 20 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 21-годишниот гостиварец Д.Ш. затоа што со мотоцикл направил неколку сообраќајни прекршоци. Откако полицијата го сопрелеа се однесувал агресивно.

Исто така, соопштуваат од СВР Тетово, било констатирано дека мотоциклот не бил регистриран, а тој го управувал без возачка дозвола.

Против него ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестКонечно Битола е блиску до тоа да има парно
Следна вестНов успех на Дамјан Давков, сега освои и бронзен медал Балканската олимпијада по информатика