Гостиварец натепан од малолетниот свршеник на неговата ќерка

Жител на Гостиварско вчера бил натепан од малолетно момче од неговото село, кој е свршник на ќерката на тепаниот, соопшти МВР.

Момчето го нападнало и братот на вереницата, велат од полицијата.

– 46-годишниот Б. Ќ. од гостиварско село, вчера (25 април) во 20.30 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 18.30 часот во неговиот семеен дом тој и малолетниот син на пријавителот биле физички нападнати од малолетник од селото, инаку свршеник на ќерката на Б. Ќ.. Се расчистува и документира случајот“, пишува во полицискиот билтен.

 

Претходна вестЛазаров ги одреди адутите за вечерашната пресметка со Луксембург
Следна вестГерманските градови бараат повеќе пари за да ги сместат мигрантите