Гостиварец со автомобил удри во пешак

Вчера околу 14.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Димитар Влахов“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот гостиварец З.В., удрило во пешакот С.С.(30) од гостиварско Речане.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Претходна вестСкопјани нападнале пожарникар додека работел
Следна вестДве лица повредени во сообраќајка во Радовиш