Гостиварец починал во чајџилница

Во Полициската станица Гостивар, од Ургентен центар Гостивар вчера попладне било пријавено дека кај нив има починато лице.

-Според пријавеното, во чајџилница во Гостивар, на И.Р.(78) од Гостивар кој бил гостин во објектот во еден момент му се слошило. Потоа со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар Гостивар, каде што од страна на лекар била констатирана смрт, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.

Претходна вестФилипче: Правиме целосна мобилизација на здравствените работници
Следна вестПочинаа 9 пациенти на 36, 44, 53, 60, 65, 66, 71, 72 и 75-годишна возраст, новозаразени се 518 лица