Гостиварец се обидел да прошверцува 1.000 антиген тестови од Германија, ќе одговара прекршочно

При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за овид-19.

-На 22 август во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот „Дурмо турс“ од Гостивар, на редовна линија Германија- Струга.

При извршена контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патник од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари, информираат од Царинската управа.

 

Против лицето ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.

Претходна вестПо Германија и Кипар не обележа со црвено на ковид-картата
Следна вестБолниците се полнат- засега има 700 пациенти со компликации од ковид, најмногу во Тетово и Гостивар