Собранието ги донесе измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Мнозинството пратеници реши – донесен е законот за игрите на среќа и за забавните игри. Сето ова се случи иако против беа од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина.

Сепак со 48 гласа за и 8 против законот беше донесен. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара тој да биде повлечен, но владејачкото мнозинство не го изгласа предлогот.

Пратеникот Александар Николовски рече дека постојат огромни сомнежи за криминал во лотарија, европското знаменце е злоупотребено, а спорни се и доделувањето четири лиценци за игри на среќа.

-Да поедноставам: На телефон да можат децата да се обложуваат или да се коцкаат, рече Николовски додавајќи дека на законот е потпишан министерот Артан Груби потсетувајќи дека законот не може да важи ретроактивно, рече Николовски.

Инаку, на оваа седница ги изгласа и одлуките за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

 

Претходна вестЗа мнозинството албански граѓани корупцијата е најсериозен проблем
Следна вестБочварски не охрабри: Потребно е и трето проектирање на иста косина на автопатот Кичево – Охрид