Град Скопје: Добро е што наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

Добро е што наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини. Повторно врз грбот на граѓаните на градот Скопје и вработените во градските институции, велат од Град Скопје во реакцијата на одговорот на отвореното писмо за премиерот Мицкоски.

-Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани. Вака само докажа дека го интересира како да произведе конфликт со надеж дека политички ќе капитализира.

За жал, повторно се одлучија и да лажат. Имено, ратата за кредитот со кој ВМРО-ДПМНЕ и Шилегов набавиле автобуси е платена во текот на изминатата недела. Од сметката на Град Скопје префрлени се средства на Министерството за финансии.

Втората лага е дека нема да возат приватните превозници. Имено, од трите пакети со кои оперираат приватни превозници нема да возат само оние автобуси чии претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот Скопје отпочна постапка за надомест за штета. Со ова повторно се докажува намерата на оваа власт за предизвикување на хаос врз грбот на граѓаните на градот Скопје, стои во реакцијата.

Претходна вестМицкоски нема да набави 250 автобуси како што побара Арсовска во писмото
Следна вест38-годишен маж од Скопје се самозадоволувал пред малолетнички