Град Скопје го раскина договорот со „Слобода Превоз“

Неисполнување на обврските е причина за раскинување на договорот меѓу Градот Скопје и Здружението на приватни превозници „Слобода Превоз“.

Градот Скопје денеска соопшти дека не е испочитувана обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници.

-За жал, „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат. Ги повикуваме сите приватни превозници да се јават на јавниот повик кој ќе биде објавен во текот на следната недела, се наведуав во соопштението.

Градот Скопје смета дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе се придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми. Се додава дека градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП Скопје во овој момент има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани.

-Апелираме до „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор, велат од Град Скопје.

Претходна вестМВР: Дојави за бомби добиени во осум скопски училишта
Следна вестОд Охис за Германија тргнаа седум вагони со 126 тони контаминирана земја