Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните, соопшти денеска Градот Скопје.
-Во соопштението се наведува дека во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски. Градот Скопје им посакува успешна и безгрижна учебна година на сите ученици, се наведува во соопштението.