Home АКТУЕЛНО Град Скопје ќе ја финансира реконструкцијата на „Перо Наков“

Град Скопје ќе ја финансира реконструкцијата на „Перо Наков“

0
Град Скопје ќе ја финансира реконструкцијата на „Перо Наков“

Град Скопје и општина Гази Баба потпишаа договор според кој градот целосно ќе финансира реконструкција на улицата „Перо Наков” во Гази Баба. 

-На барање на граѓаните од заедниците „Кирил Петрушевски“, „Триангла“ и „Маџари 1“, кои застапуваат повеќе од 10.000 жители, Градот Скопје ќе ја финансира реконструкција на улицата „Перо Наков“. Ова е значаен проект за жителите на Гази Баба затоа што улицата не била реконструирана со децении, а станува збор за најфрекфентната улица во општината. Конкретно за улицата „Перо Наков“ се планира реконструкција на должина од 2.000 метри каде целосно ќе се заменат оштетените и ќе се изградат нови тротоари и ќе се постават нови автобуски стојалишта долж улицата, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.