Град Скопје: Не гледаме потреба од вонредна седница, коментар за коалицијата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаме

Нема потреба од вонредна седница на Советот на Град Скопје, соопшти денеска од Град Скопје.

Соопштението е испратено откако градоначалничката Данела Арсовска не се појави на вонредната седница на Советот, свикана по барање на СДСМ

-За празни муабети и беседење на лицата кои се директно инволвирани во организација на блокадата на КХС нема потреба да се коментира дополнително. Комунална хигиена работи нормално и со целосен капацитет, активен е и кризниот штаб со сите останати претпријатија кои се на приправност да се вклучат да помогнат ако треба. Не гледаме потреба од вонредна седница. Коментар за празните муабети на коалицијата СДСМ- ДПМНЕ немаме, соопшти Град Скопје.

 

 

Претходна вестМинистерот за одбрана на Велика Британија по барањето на Украина на дополнително оружје: Ние не сме Амазон
Следна вестМладите претеруваат и избегнуваат раѓање деца или навистина немаат добри услови за тоа?