Град Скопје се пофали: Од добиени 1.755 барања од граѓани, решиле 1.550

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се
пристигнати 1.755 барања, од кои решени се дури 1.550. Најголемиот број граѓани
на овој мејл имале прашања поврзани со даноците на имот, пријавиле проблеми
поврзани со безбедноста на сообраќајот, односно барања да се постават платоа
што ќе ги натера возачите да ја намалат брзината. Дел од барањата на граѓаните
се однесуваат на комуналниот сектор за кастрење суви гранки, сечење стари и
суви дрвја и уредување на јавни зелени површини.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат
предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да
одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската
администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде
функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани, велат од градската администрација.

Претходна вестИзмамници од Скопје им „фрлиле око“ на локали во Струмица
Следна вестД-р Вело Марковски: Ни треба нова Комисија за заразни болести