Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Христијан Мицкоски во континуитет преку своите кадри креира кризи во јавните претпријатија во Скопје, соопшти денеска Градот Скопје откако состојбата со јавниот градски превоз во македонската метропола значително се влоши.

Во соопштението на градските власти се наведува дека Одлука за решение за недостигот на автобуси и замената на дотрајаните автобуси со нови еколошки за ЈСП, веќе 24 пат по ред не ја носат послушниците на Мицкоски во Советот на Град Скопје на чело со Трајко Славески.

-Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио. Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат, се наведува во соопштението.

Се додава дека за одлука за зголемување на цена на приватниците може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје, предводен од Трајко Славески од ВМРО ДПМНЕ и Мицковистите.

-За потсетување од моментот кога Мицкоски отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието. Во исто време почнаа и шпекулации за урнисување на ЈСП поради можно сценарио за негова приватизација, наведуваат од Градот Скопје.

Претходна вестЦаринска управа: Запленет автомобил, пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати…
Следна вестЗатворски казни од година и три месеци до 5.5 години за велешаните кои сексуално злоставуваа малолетничка