Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ земаат паушали од пола милион евра, а не работат во интерес на граѓаните

Откако советниците во Советот на Скопје и по третпат не ги изгласаа 10 милиони евра што градоначалничката Данела Арсовска ги бара за кредит за еко-автобуси со соопштение се јави Град Скопје. Во него се обвинуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека не работат во интерес на граѓаните.

-Тие годишно земаат скоро половина милион евра во паушали, третпат ја одбиваат одлуката за купување на нови, модерни и еколошки автобуси кои треба да го заменат стариот возен парк на ЈСП Скопје, но и да понудат европски стандарди во јавниот превоз. За жал, очигледна е потребата на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да го кочат напредокот на градот, како што тоа досега го правеа и со државата. Ја кочат секоја одлука која не е нивна иако е во корист на граѓаните. За овие две вледејачки партии, единствен интерес се процентите и тендерите. Оваа одлука не ја гласаат единствено поради тоа што се оневозможени повторно да прават криминал. Предлог одлуката за купување на нови еколошки автобуси ќе биде предложена на секоја следна седница на Советот. Се надеваме дека партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се вразумат и ќе одлучат во корист на граѓаните на градот Скопје се наведува во соошштението од Град Скопје.

Претходна вестСкопските советници и по третпат не ги изгласаа 10 милиони евра што Арсовска ги бара за еко-автобуси
Следна вестТемелковски: Функцијата не смее да се злоупотребува за лични пресметки со врвните спортисти