Град Скопје: Започнува обнова на зелениот појас на кејот на Вардар од мостот „Беласица“ до мост „Генерал Михајло Апостолски“

Град Скопје продолжува со втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар. Таа ќе се се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило.

-Во втората фаза се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар на потегот од мостот Беласица до мост Генерал Михајло Апостолски, при што со овој проект се формира нов зелен појас со нова хидрантска мрежа на површина од 12.000 метри квадратни и должина од над 1500 метри. Проектот во сите фази го изведува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, соопшти денеска Градот Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања.
Следна вестМаж од Валандово му го запалил автомобилот на сограѓанин