Градел бесправно на парцела од 11.000 метри квадратни во Чаир, добил кривична пријава

Кривична пријава за бесправно градење е поднесена од Единицата за економски и компјутерски криминал при МВР против С.М (34) од Скопје.

Пријавениот во текот на септември годинава, како физичко лице во својство на инвеститор, започнал градежни активности на катастарска парцела во Чаир, на парцела со вкупна површина од 11.042 м2, на која е сосопственик пријавениот со уште неколку други физички лица и Р.С. Македонија.

-Градежните работи кои што се состоеле од поставување на ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување на монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди Одобрение за градење од надлежниот орган, со што го сторил кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР.

Претходна вестДраги Ѓорѓиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка
Следна вестТежок пораз на РК Вардар во Полска