Градежен работник се бори за живот откако врз него паднале арматури од кран

Градежен работник е во животна опасност откако на градилиште позади трговскиот „Рамстор“ во Скопје, врз него паднале арматури кои се кревале со кран, дознава „Макфакс“. Според неофицијални информации, тешко повреден е млад скопјанец кој работел на градилиштето.

Сведоци од градилиштето велат дека причина за несреќата е кинењето на сајла со која се кревале арматурите.

Работниот со возило на Брза помош е пренесен на КАРИЛ. На терен има инспекции, кои заедно со полицијата вршат увид.

Претходна вестНад 13 илјади македонски граѓани се вакцинирале во Врање
Следна вест62-годишен скопјанец ја убил својата мајка во Аеродром