Градоначалничката Арсовска со иницијатива за помош на младиот Леонид: Советниците да донираат еден месечен паушал, а таа една плата

Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост, велат од Град Скопје во врска со случајот на младиот Леонид.

– Кога се работи за еден млад живот, чекањето не е опција, од таа причина градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денес, до Советот на Град Скопје, испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.

Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалничката на град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од Град Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид“, информираат од Град Скопје.

Од денес, Град Скопје, како што беше најавено вчера, почнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на Градот, а во акцијата може да се вклучат и сите граѓани на Скопје.

– Ги повикуваме сите граѓани што се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост, потенцираат од Град Скопје.

Претходна вестАлбанија го изгласа законот за мигранти: Италија мигрантите ќе ги испраќа во Албанија, таму ќе градат два центри
Следна вестЕурофарм Пелистер пред нов голем предизвик – гостува кај Кил