Градоначалникот Богдановиќ најави суспензија на делови на ДУП-овите во Центар

Ќе има суспензија на делови на ДУП-ови каде што ќе се појават недостатоци и секаде каде што има јавен интерес, изјави денеска градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. На прес-конференција тој ја објаснуваше одлуката на Советот на општина Центар кој вчера реши да не носи одлука за суспензија на целиот ДУП за паркингот кај хотелот „Холидеј ин“ туку да се утврди каде е можна суспензија на одредени делови од овој и од другите ДУП-ови во општината.

-Општа суспензија на ДУП-от ќе има многу штетни последици за таму каде што сме имале отворени постапки. Треба да пазиме да не направиме штета, а на крајот секаде каде што имало недоследности, тоа ќе си оцени комисијата и Министерството за транспорт и врски, каде ќе има суспензија. Треба да внимаваме на некои завршени работи да не си направиме штета, со која што еден ден енормни штети ќе плаќа општината. Ќе има суспензија на делови каде што ќе се појават недостатоци и секаде каде што има јавен интерес, посочи денеска Богдановиќ пред новинарите.

Тој потенцира дека нема намера тој да побара суспензија на делови од детални урбанистички планови каде што веќе имало отворено управни или кривични постапки за одредени парцели.

оа би значело штета што отпосле ќе треба да ја плати Општината. Такви постапки има над 30 на територија на општината, и со заклучокот што вчера го донесе Советот на Општина Центар се допрецизирало кога може да се побара суспензија. Отворате постапки за кои сте свесни за одредени прекршувања или за одредени недостатоци кои се јавиле и сега со суспензијата само ќе си пукате во нога. Тоа значи каде што имаме судска постапка или одреден процес, да го запазиме да не направиме штета. А на крајот, секаде каде што има недоследности, тоа ќе си оцени комисијата, потоа Министерството за транспорт и врски, во кои делови ќе имаме суспензија, изјави Богдановиќ.

Тој, сепак, не одговори дали тоа значи дека нема да побара суспензија за дел од ДУП спроти „Холидеј ин“.

Претходна вест(ФОТО) Просторот кај Млин Балкан уреден според идеите на жителите
Следна вестФилипче најави дека ќе ги објават документите за набавката на кинеските вакцини