Градот Скопје ги санира пешачките патеки на Матка

Со санација на две пешачки патеки на омиленото излетиште на скопјени Матка денеска започна Градот Скопје. Целта е да се зголеми пристапноста до убавините на Кањонот Матка.

-Денеска започна санацијата на патеките, првата од Манастирот Свети Андреа до Висок Рид, наспроти пештерата Врело, и втората од пештерата Врело до пештерата Убава. Со санациите се овозможува подобар пристап до природните убавини, како и поголема безбедност за сите посетители на Матка, се наведува во соопштението од Градот Скопје.

По целата должина на патеките ќе се изврши санација на постојната заштитна ограда, ќе се постави сајла на карпите во тесно достапните делови, целосно ќе се санираат оштетените подни делови и уреди вегетацијата, а на одредени локации ќе се изврши замена на оштетените бетонски блокови. Санацијата ја изведуваат јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, кои минатиот месец по години негрижа, целосно ја обновија урбаната опрема кај Црква „Св. Андреја“ на Матка.

Претходна вестСтрумичанец украл 179 кутии цигари од дистрибутер
Следна вестВо Газа гранатирана третата најстара црква во светот