Од денеска автобускиот превоз во Скопје ќе биде редуциран откако дел од приватните превозници одлучија да сообраќаат само наутро, од пет часот.
Според најавата, еден автобус ќе вози само една тура, на една линија, а тоа се автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20.
По тоа автобусите ќе бидат вратени во гаража, додека возачите ќе им се приклучат на колегите кои нема да возат.
Од друга страна пак, непречено продолжува да функционира јавниот превоз од страна на „Вестор транс“ чиј автобуси се со број 9, 11, 11а, 12, 47 и 55.
Тие најавуваат дека денеска ќе имаат средба со директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски и со секретарот на Град Скопје, а според најавата средбата ќе се одржи во просториите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда.
Тие бараат да им биде исплатен долгот и да се зголеми цената која, како што посочуваат, е од пред осум години, поточно од 2017 година.