Граѓани: Бадијала ќе тестирате засилено викендов, кога не можеме ни да закажеме!

Министерот Венко Филипче најави дека овој викенд ќе работеле со полн капацитет сите лаборатории за правење ковид-тестирања. Ова уследи откако Македонија почна интензивно да урива рекорди на смртни случаи и новозаразени во споредба со светот. Но,и откако секојдневно граѓаните критикуваат бидејќи на викенди бројот на тестирања е мал – што е незамисливо во време на пандемија.

Секако е добро што конечно ќе тестира засилено за викендите, но граѓаните се нервозни и исплашени затоа што екстремно е тешко да се закаже тестирање.
-Дури и сите симптоми да ги имаш ако отскокнуваш од температурата „бетонирана“ во алгоритмот нема да си добиеш закажување – како тогаш да знам дали сум позитивен, ако немам пари да направам приватен тест? Бадијала се фалите дека ќе тестирате со полн капацитет, кога не можеме ни да закажеме, вели Влатко М. редовен читател на „Скопско ехо“.

Истото прашање неодамна Филипче го доби и од новинарите, но беше дециден дека „алгоритмот бил сосема во ред и немало да се менува“.

Претходна вестПочинаа 9 пациенти на 36, 44, 53, 60, 65, 66, 71, 72 и 75-годишна возраст, новозаразени се 518 лица
Следна вестБидете во Градски парк и уживајте во детскиот мјузикл „Убавицата и ѕверот“