Граѓани разочарани од власта и Грција: Нудат решенија за брза смена на личните документи

smart

Хаосот со наметнатото менување на личните документи во Македонија добива нова димензија. Грција преку својата амбасадорка соопшти дека нема разбирање за настанатите технички проблеми околу пасошите и инсистира по 12 февруари сите пасоши кои се без омилениот збор на власта – Северна – да не бидат валидни.

Граѓаните се разочарани од ваквиот потег. Сметаат дека соседната земја требало да покаже пријателско разбирање за проблемот на македонските жители.

-Грција ништо немаше да изгуби, а можеше многу да добие со одложување на рокот до крајот на годината. Но, нашата власт им нафрли топка и тие пак решија да не дриблаат, беше еден од многуте коментари на социјалните мрежи откако новопоставениот министер во МВР го соопшти ставот на нашиот јужен сосед.

-А што Грција испочитува од договорот? Па уште таблите им се со „Скопија“ на сите крстосници наместо да се со новото име на нашата држава кое впрочем тие ни го избраа, прашуваа други.

Но, покрај незадоволството од одлуката на Грција, уште поголемо е незадоволството и од претходното раководство на МВР кое со лошата организација го направи процесот на промена на многуте документи невозможен за периодот кој беше назначен

-Што е со нашите пасоши што ги извадивме во 2019 година каде на кориците е Република Македонија? Зошто ни ги издаваа ако морало да се други. Тој ми важи 10 години и има печат дека се на Северна Македонија. Што со нив? Значи, свесно не изиграле претходниве?, е една од многуте такви реакции на социјалните мрежи.

Но, има и граѓани кои не критикуваат туку нудат решенија како да се издадат побрзо пасоши на сите кои не можеа да стигнат да се пријават поради лошата организација на претходниот министер Спасовски.

– МВР или владата треба со указ , наредба или било што да прогласи дека сите документи, лични карти, пасоши со Република Македонија се поништуваат, но затоа пак бидејќи во нивните архиви ги имаат сите податоци да изработат нови документи врз основа на податоците од старите, да бидат со иста важност како и старите само што наместо Република Македонија ќа го уфрлат уште и северна и вака новите документи по пошта да бидат доставени до секого. Значи не е потребно чекање редови за сликање и нови трошкови. Можеби има и подобри решенија …, стои во еден од предлозите кои се нудат на социјалните мрежи.

– Зошто да се сликаат лицата со важечки датуми на документите !? Само нов образец со истите податоци. СЕ ДРУГО Е ВАЖЕЧКО. КАКО ДА ВИ КАЖИ ЧОВЕК!, напишал друг македонски граѓанин.

Што од сето ова ќе прочита власта и што ќе превземе за да се ублажи понижувањето на многуте македонски граѓани кои немаат стигнато да сменат лични документи – не по своја вина – останува да се види. Треба да реагираат брзо.

Новиот министер треба да покаже поголема експедитивност, го може ли тоа и ќе го направи ли тоа? Ветуваа различност од претходните во МВР.

ПС. До сега се сменети само 1,25 милион пасоши. А се проценува дека македонски патни исправи имаат околу 2,5 милиони граѓани сосе сите во дијаспората. Сами пресметајте колку луѓе по две недели не ќе може да патуваат никаде во странство.

Претходна вестКинески научници направиле оптички часовник, тврдат дека ќе доцни една секунда во следните 7 милијарди години
Следна вестОбвинителство со детали за „Онкологија“: Осомничени пет лица, требувана вишок терапија на име на пациентите…