Граѓанин денеска спаси куче кое паднало во Вардар околу што било алармирано и градското претпријатие „Лајка“.
ЈП „Лајка“ денес добило пријава дека куче паднало во реката Вардар во Скопје, наведуваат од ова претпријатие во објавата на Фејсбук.
-Но, пред екипата на јавното претпријатие да успее да стигне да интервенира, побрзи биле неколкумина граѓани кои го забележале и го спасиле кучето. Им благодариме на тоа, се наведува во објавата.
Од „Лајка“ информираат дека кучето од расата шкотски овчар е однесено во нивното прифатилиште и дека таму ќе остане се до пронаоѓање на сопствениците и негово враќање.