Граѓаните ќе „вагаат“: Ќе гласам за претседателски кандидат кој не ме лажел и манипулирал

Претседателската кампања врви засилено, а почнува и трката за места во македонскиот парламентот. Многу ветувања се слушаат од сите страни. Но, меѓу граѓаните се слуша и тоа дека се помалку им се верува на изборните ветувања, особено ако во минатото тој што ветувал не го реализирал ветеното.

Претходните искуства, најчесто од избори до избори, но и во други прилики, сите се изнаслушавме најразлични ветувања, но и „вистини“ кои се случиле или ќе се случат. Многу од овие „вистини“ набрзо се покажаа како лаги кои за жал нанесуваа големи негативни последици по Македонија и нејзините граѓани. Сетете се само на силните уверувања на еден лидер и неговата свита дека нема да го менуваат Уставот и името на државата.

-Не може некој што ме лажел сега да го добие мојот глас на избори. Кој со манипулации се служел – пак ќе се служи. Затоа многу ќе вагам за кого ќе гласам за претседател, ни вели скопјанецот Оливер.

Да, авторите на лаги продолжуваа да владеат, а на граѓаните им останува само гласањето на избори за евентуално да ги санкционираат за лагите. Односно, од избори до избори да извлекуваат поука од тоа дали и на кои политичари може да им веруваат. Во една таква ситуација македонските граѓани се наоѓаат и сега пред претседателските и парламентарните избори.

-Од претседателот на државата очекувам секогаш да ја кажува вистината на своите граѓани. Недозволиво ми е, посебно, да не ја зборува вистината кога се работи за надворешната политика иако знам дека претседателите и политичарите никогаш не ја кажуваат целата вистина. Инаку, еве, за во Охрид, поранешниот премиер Димитар Ковачевски зборуваше како градбата на базенот е во завршна фаза, а ние гледаме дека таму две години нема никаква промена. Такво лажење е непотребно, ни вели Зоран Дервишовски.

Лагите во водењето на надворешната политика се посебно болни и за други наши соговорници. Им пречи тоа што на пример највисоките држани преставници прво велеа дека не знаат каков е „францускиот предлог“ а потоа откако го потпишаа без согласност на мнозинството кажуваа дека тие учествувале во негово правење и дека е добар.

-За еден автопат дадоа 30 ветувања со конкретен датум дека ќе го завршат и пак ништо. И сега глас од мене бараат, давајќи ми ново ветување. Ќе гласам за тој што не ме лажел, беше еден од коментарите на лице кое сака да е анонимно.

Сепак, може ли да се очекува тој што лажел во минатото веќе да не лаже?

-Не, мислам дека не можеме тоа да го очекуваме, смета Дервишовски.

Дали политичарите склони кон лага ќе бидат казнети на изборите останува да се види. Факт е дека има и граѓани во Македонија кои сакаат да бидат лажени и даваат поддршка на такви лица. Кои се повеќе, таквите или оние што не толерираат лага, ќе се види на изборите.

 

Се кажуваше дека името на државата нема да се менува…

Политичарите, односно, државните функционери кои во различни периоди ја водеа нашата државата, на граѓаните, на пример, им кажуваа од тоа дека ќе дојде „милијарда од Тајван“, дека „во секое семејство ќе има по еден вработен“, а па се до поновите ветувања пред 6-7 години дека „Уставното име на Република Македонија и Уставот нема да се менуваат“… па дека ќе дојдат многу инвестиции за кои и камен темелници удираа, па дека Што се се случувало по овие ветувања, граѓаните се уште добро паметат.

Претходна вестПочина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп
Следна вестСилјановска – Давкова: Пендаровски на многу закони не стави вето, време е граѓаните да му стават нему вето!