Гранати, ракетни фрлачи, оружје и муниција најдени во струшко помеѓу Франгово и Калишта

Поголемо количество на разновидно оружје најдено е вчера од страна на полицијата закопано во една нива меѓу струшките села Франгово и Калишта. Полициската акција е спроведена по претходните оперативни сознанија дека на таа локација е сокриено оружје и муниција.

Според неофицијалните информации најдени се неколку десетици сандаци со муниција и во кои имало ракетни гранати но и рачни ракетни лансери.

Полицијата повеќе информации за оваа акција најави за подоцна.

-Во координација со обвинителството работиме на расчистување на случајот, велат од МВР

Претходна вестЗа напладне закажана собраниска седница, за реизборот на Џафери се потпишаа 62 пратеници
Следна вестКазни за 501 граѓанин заради неносење маски