Грчката полиција уaпси две лица кои шверцувале дрога од Македонија во Грција

Две лица во саботата се уапсени од страна на грчката полиција во близина на Лерин поради пренесување и ширење на дроги. Македонската агенција МИА информира дека две лица во Грција влегле нелегално од Македонија и на полицаец кој се претставил дека е купувач се обиделе да му продадат нешто помалку од три килограми канабис.

Од грчката полиција соопштуваат дека уапсените странски државјани се на возраст од 38 и 40 години, кои во рурален дел на Лерин во близина на границата со Македонија се обиделе да продадат два килограми и 885 грама канабис.

Полицииската акција била организирана по добиените информации за мрежа која пренесувала и ширела дрога од Македонија во Грција.

-Беше закажана средба за купопродажба на дрога, каде што се појавија горенаведените странски државјани, кои претходно нелегално влегоа во нашата земја, 38-годишниот со мотор, а 40-годишниот со автомобил и на полицаецот кој се претстави дека е купувач му продадоа два килограми и 885 грама суроц канабис, за 5.800 евра, соопштуваат од грчката полиција.

Биле конфискувани моторот, автомобилот, дрогата и три мобилни телефони, а двајцата уапсени се товарат за внесување и продажба на дрога во Грција, како и за прекршување на законот за странски државјани

Претходна вестТреба ли да се прошири Уставот и со други цркви и верски заедници?
Следна вестИ Холандија привремено ја прекинува вакцинацијата со „Астразенека“