Грда слика и извор на зараза на „Васко Каранѓелески“ во Аеродром

Стар мебел, делови од ве це школка, опасен отпад, ќебиња и сето тоа измешано со остатоци од храна и течности распослани низ тротоарот покрај улицата „Васко Каранѓелески“ во Аеродром – вака изгледа веќе 4-ти ден овој потег од патот, кај контејнерите, преку кој стотици деца секој ден минуваат одејќи и враќајќи се од училиштето „Љубен Лапе“.

Родителите алармирале но бадијала.
-Ова е веќе зараза, секако требаше да дојдат и соберат уште орвиот ден кога пријавивме, но обичните собирачи на смет не земаат кабаст отпад, вели мајка на едно од децата кое го користи патот за да стигне до училиште.
-Колку што се виновни тие кои не го чистат, можеби и уште повеќе виновни се фрлачите. Треба да се санкционираат сериозно!- коментираат локалните жители.

Пред извесен период неколку недели стоеше преполнета т.н. станица за кабаст отпад во близина на старата слаткарница „Стела“. Надлежните го исчистија отпадот дури откако граѓаните, очајно обидувајќи се да ги повикаат, ја фотографираа грдата слика и ја испратија до медиумите.

Претходна вестВо денешниот црн ковид-биланс има 14 починати од вчера и уште 14 од почетокот на месецот
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта прави сѐ за да дефокусира од трагедијата во Тетово